Прегазеното 4-годишно дете е во животнозагрозувачка состојба

Четиригодишното дете од Струмица коешто вчера го прегазил непознат возач е во животнозагрозувачка состојба. Од клиниката за детска хирургија во Скопје информираат дека момчето вчера е примено во коматозна состојба со повреди на главата, на белите дробови и со скршеници на четирите екстремитети. Директорот на детска хирургија доктор Лазар Тодоровиќ информира дека детето е приклучено на вештачка вентилација. Во текот на денот ќе се вршат испитувања и кога ќе се стабилизира состојбата ќе се направат потребните хрирушки интервенции.

Детето е прегазено на улицата Никола Тесла пред зградата во којашто живеело. Возачот што го удрил избегал со возилото.

СВР Струмица информираat полициските службеници го пронашле возилото и донесено е во кругот на СВР Струмица, а по возачот се уште се трага.

 

Сузана Мицева

 

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ