
Прегазениот средношколец од Штип се уште е во кома
Родители и граѓански активисти денеска ќе протестраат на пешачкиот премин на булеварот „Гоце Делчев“ во Штип, откако пред три дена беше прегазен 15 годишен средношколец. Родителите векендов се организираа на социјалните мрежи за попладневниот протест, кој ќе ја носи пораката „Преземето нешто, заштитете ги децата“. Бараат да се изгради пешачки мост или да се постави лежечки полицаец.
Инаку овој булевар е влезот и излезот на Штип, каде што возачите возат и над 100 километри на час, наместо 50 колку што е и пропишаната брзина, и покрај тоа што има сообраќаен знак, кој предупредува дека има училиште, а има и пешачки премин. 15 -годишното момче, кое на големиот одмор со група на ученици го преминал преминот, во петокот беше прегазен од 68- годишен возач, а откако го удрил по булеварот го влечел и неколку метри. Од штипската Клиничка болница велат дека соостојбата на момчето и понатаму е критична, тој е во кома и приклучен на апарати.