Предупредувачки штрaјк со глад во затворот Идризово

Завторениците во затворот Идризово започнаа предупредувачки  штарјк со глад со барање и тие да бидат опфатени со новиот закон за амнестија.

Тие упатиле писмо со управата на затворот „Идризово“ со кое бараат Владата да одговори на нивното барање за општа амнестија.

„Почнуваме со дводневен предупредувачки штрајк со глад бидејќи и покрај сите барања до Владата и премиерот досега не добивме одговор во врска со законот за амнестија, кој е во најава. Бараме општа аменстија за сите дела кои ги дозволува Уставот, исто така и статусот на доживотно осудените да се промени во бројка што е во склад со европските закони. Доколку во следните два дена не добиеме конкретен позитивен одговор од страна на Владата и работното тело за помирување, ќе продолжиме со штрајкот со глад и ќе организираме мирни протести со нашите фамилии пред Владата“, пишува во писмото испратено до директорот на „Идризово“, Боби Мојсоски.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ