
Предновогодишно Скопје – граѓаните со надеж за подобра и поуспешна година
Раздвижени, насмеани и замислени. Сите со своите надежи и гајлиња во потрага по подобри нешта на кои се надеваат во Новата година, надеж дека сите лоши нешта ќе останат зад нас во годината која изминува.
Различни генерации различни желби. Ваква е сликата за предновогодишното расположение низ центарот на градот.
За оние кои секој ден се на скопскиот плоштад нудејќи различни реквизити за дочек на Новата година мечтаат за топол дом каде ќе ја пречекаат со најблиските.
Ги има и оние граѓани на кои не им е до муабет за Нова година.
Дедо Мраз пак секогаш е оптимист.
Граѓаните сепак се надеваат на подобри времиња во Новата година. За почеток сите ги посакуваат ведрината и оптимизмот на најмладите и вербата дека нивните желби или барем дел од нив ќе бидат реалност.
Нина Стефанова