Одново почнаа Шамарите во општина Центар

По, 3 години 1 месец и 1 ден првиот предмет на СЈО „Шамарите во Општина Центар“ кој пристигна во судот денеска почна одново. 90 дена судијата Душко Јосифов на одржал ниту едно рочиште, па затоа по сила на законот мораше одново да отвори главна расправа да им ги провери личните документи и да ги праша обвиените да ли се чувствуваат винови, на што сите  одгворија дека не се чувствуваат виновни.

Низ смеа прво обвинет Миле Јанакиевски одговори дека нема промени во неговиот статус освен што е невработен бидејќи е во куќен притвор и не може да се вработи.

Судот одново го прифати барањето на обвинителката Фатиме Фетаи  на експремирот Никола Груевски да му се суди во отсуство.

„Не е извесно дали и кога Никола Груевски би бил достапен за да му се суди во негово присуство“, рече Фетаи.

Додека на Фетаи и се брза, одбраната одново бараше судот да ја преиспита одлуката дали бомбите се докази, но и побараа сведоците на пораншеното  СЈО одново да се повикаат.

Судијата Јосифов постојан обеше не критика дека две рочишта во месецот се премалку за предмто во кој десетмина обвинети, многу докази. Минатото рочиште беше одложено бидејќи предметот беше земен на увид во Судскиот совет. 

Обвинетите во предметот се товарат дека го поттикнале насилството што се случи при протестите пред Општина Центар во јуни 2013 година.Вина за настаните пред Општина Центар во јуни 2013 година признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петообвинетиот Јордан Ристевски и добија условни казни, а за Димче Крстев се водеше раздвоена постапка.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ