Предметите што ги води СЈО – камен на сопнување за договор на работните групи

Влегоа без оптимизам а после еден час соопштија дека нема договор за новиот закон за јавно обвинителство. Сепак постои воља во наредниот период да продолжи дијалогот и преку амандмани опозициската Вмро Дпмне да интервенира во законскиот текст.Камен на сопнување е статусот на предметите кои ги води СЈО. Власта не попушта од црвените линии и бара судска разрешница на отпочнатите постапки.

Преговарачкиот тим на ВМРО ДПМНЕ смета дека останатите обвинители од СЈО нема да имаат мандат да ги продолжат постапките.

Утре на собрансика седница ќе се утврди потребата од носење нов закон за Јавно обвинителство а Вмро Дпмне нема да даде зелено светло.Тоа ќе може да се случи во втората фаза но само доколку се прифатат нивните забелешки.

Законот за Јавно обвинителство е со европско знаме и поради скратените рокови се очекува да се донесе најдоцна до 15 септември.Со него се предлага  фузирање на СЈО во Обвинителството за организиран криминал,се  уредува статусот на сите вработени а за истражителите има две опции, или да с епрефрлат да работат во јавното обвинителство или да се вратат во МВР. 

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2026 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ