Предметите на СЈО кои ги оспори Врховниот суд нема да згаснат- средба Јанева со Јовески

Предметите на СЈО кои ги оспори Врховниот суд нема да згаснат и ќе продолжат да се работат. Ова исходот од итната средба на првите луге на СЈО и републичкото обивнителство Катица Јанева и Љубомир Јовески откако вчера Врховен донесе правното мислење дека сјо не смее да води истраги и да подигнува обивненија бидејки е истечен рокот од 18 месеци. Во заедничкото соопштение нема детали кои ќе бидат следните чекори.

  • На средбата беа разгледани состојбите и можностите за натамошно постапување по предметите по кои постапува СЈО, Јовески и Јанева се согласија дека постапувањето по овие предмети ќе продолжи согласно позитивните законски прописи, стои во заедничкото соопштение на СЈО и ЈОРМ.

Шефицата на обивнителството за организиран криминал Вилма Русковска вели според законот за СЈО, неопходно е Јанева да им ги даде предметите и истрагите, за обивнителството што таа го раководи не може да ги преземе и да ги продолжи. Според неа нема пречка и редовното обвинителството да ги користи бомбите како докази

Јанева не го открива ставот за мислењето на Врховен, државниот обвинител Јовески уште вчера рече дека смета дека Врховен се ставил во улога на собранието и толкувал закон.  Според министерката за правда Десковска за ова прашање немало различни судски одуки во праксата  што е неопходен услов  за Врховниот суд може да даде став или мислење.

За Дековска е неспорно дека предметите на сјо мора да се продолжат но остава на Јанева и Јовески да проценат дали СЈО ќе ги доработи или ќе ги предаде на редовното обвнителство.

Од Кривичниот суд каде завршуваат сите предмети на СЈО се уште нема став. Претседатлеот Џолев вели дека на колегиум судиите од овој суд ке дискутираат за начелното правно мислење на врховен. Дали ќе донесат заеднички став или секој судија сам ќе оценува дали ке го слуша највиокиот суд, ке се знае деновиве.

Но првиот тест ке бидат притворите за Империја. Одбраната на Мијалков и Камчев најави дека најдоцна утре ќе побара укинување на куќниот притвор токму поради ставот на Врховен.

Освен Империја уште 17 истраги десетици предистраги и обивнението за Талир сеп од мраз од одлуката на Врховен која отоври мнпгу дилеми мегу кои и клучната колкумина поранешни и сегашни функционери ќе се спасат со вавото мислење на највиоскиот суд.

Елена Муковска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ