Предмети на СЈО започнале пред две години, а крајот се уште не им се гледа

Дваесет предмети на СЈО започнале на крајот на 2017 или почетокот на 2018, а само три се со правосилни судски пресуди. Речиси половина од предметите се вратени од почеток поради најразлични причини. Ова може да се види од базата на податоци со кои располага Коалицијата за правично судење која постојано ги следи процесите кои ги започна Специјалното обвинителство а кои по престанокот на мандатот ги водат обвинителите од тоа обвинителство.

Судењата не се стопираа со згаснувањето на СЈО како што се очекуваше, но сега се почеста е појавата тие да почнуваат од почеток најчесто поради промена на судии, поротници или пак изминт рок од три месеци без судот нешто да стори. Сега само Тенк труст и тифани се со ефективни казни, а уште 17 се на листата на чекање, од кои дел се далеку од завршница. Обвинителите на СЈО пак останаа да ги работат само овие предмети кој им ги додели државниот обвинител Љубомир Јовевски. И покрај тоа што се сега обвинители во матичните обвинителства од каде дојода, сепак други предмети не им се дадени на работа.   

Инаку во базата на податоци не се вклучени предметите кои СЈО ги превзема од државното обвинителство како што се Монструм и Сопот. Се очекува нејзино надополнување со други предмети кои се од големо значење за јавноста.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ