Предлозите на осумте пратеници кои гласаа синоќа може да охрабрат уште пратеници да гласаат за уставните измени

Владата да ги прифати четирите услови на осуммината пратеници од опозицијата коишто синоќа дадоа зелено светло на предлогот за уставните измени, сметаат аналитичарите. Според, правникот Насер Зулбери првото барање за амандман за заштита на националниот идентитет може да се протолкува како петтиот амандман за кој во расправата зборуваше и премирот Зоран Заев. Уште по конкретен е и вториот предлог со кој се бара одредба со која ќе се поништат сите уставни измени доколку Грција не ги испочитува обврските од договорот со Преспа. Со ваква заедничка формула на владата и на опозициските пратеници може да се охрабрат уште повеќе пратеници да гласаат во последната фаза, смета Зилбери.

Колку сериозно се сфаќа во таборот на позицијата четвртиот услов на опзициските пратеници коишто гласаа ЗА и побараа формирање собраниско тело за национално помируваање за 27 април составено од кориднаторите, по тројца пратеници и самиот претседател на Собранието, говори последната изјава на пратеникот Констадин Констадинов од СДСМ.

Следна на потег е владата која има рок до 15 дена на Собранието да му достави четири амандмани, потоа истите треба да минат на претрес во две комисии во Собранието, додека расправата за нив може да трае по три ден. По утврдувањето нацрт на секој од амандманите, се отвора јавна дискусија, во кој пратениците можат да поднесат амандмани на амандманите. Оваа можнсот не теба да се злоупотрува, велат познавачите на правото.

Доколку пратениците се одлучат за дополнителни амандмански прелдози и за нив следува претрес во две комисии, по што Собранието се изјаснува поединечно за секој амандман на уставните амандмани. Сигналите од владата се дека нема да го чекаат рокот од 15 дена, и Собранието поскоро ќе ги добие предлозите кои се однесуваат на измени во Преамбулата на Уставот, границата, Македонците и дијаспорта и додавањето на придавката Северна.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ