Предлог началникот на СВР Скопје го имало во бомбите, дополнителната министерка во МВР не го потпишува решението

Еден прислушкуван разговор меѓу екс министерката Јанкуловска и соговорник, направи раздор меѓу актуелните двајца министри во МВР. Предлогот на техничкиот министер Наке Чулев за началник на СВР Скопје не го потпишува дополнителната министерка Славјанка Петровска. Според неа предлогот за прв човек на скопкста полиција Ристо Ставревски го имало во разговор со екс министерката, кој се однесува токму на изборни нерегуларности во минатото.

Телма побара став и од Чулев, но во моментот на разговорот тој се наоѓаше на поранешното работно место, Агенцијата за разузнавање каде се раздолжувал. Не можеше да одговори дали ќе даде нов предлог или пак решението за началникот Ставревски ќе оди само со еден потпис. Во соопштението кое подоцна го издаде МВР на својт сајт сепак стои дека Ставревски е назначен за началник. Таму се потенцира дека двајцата министри со новоназначените началници имале средба и им потенцирале дека мора да се фокусираат на организирање мирни, фер и демократски избори, нема ни збор за раздорот меѓу министрите туку напротив.

Чулев и Петровска ја потенцираа добрата меѓусебна соработка и посочија дека таквата соработка треба да биде пример и за другите раководители, кои мора да соработуваат во интерес на граѓаните, се вели од таму.

Инаку Ристо Ставревски беше и сведок во случајот на СЈО, „Тенк“ во кој Јанкуловска е осудена. И тој сугерирал дека треба да се набави ново возило поради инцидентите кои ги имале. Според дополнителната министерска решенијата кои не се потпишани од двајцата министри се незаконски. Телма дознава дека дилемата била и за уште еден началник кој имал дисциплинцки постапки и бил обезбедување на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицковски, но сепак неговото решение е потпишано и од двајцата министри.

 Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ