Предизвици со новата интернет настава

Содржини кои се погрешно распоредени и ситни технички потешкотии во приклучувањето се првичните забелешки на родителите и наставниците кои веќе втор ден се соочуваат со нешто сосема ново за нив – настава на интернет. За Ана Черепналкоска која е родител на деца во две различни училишни години ваквиот начин на следење на наставата е корисна, сепак има многу нешта кои би требало се подобрат.

“На овој начин се надевам ќе се надмина неусогласеноста и стихијноста во пристапот на училиштата  низ државата. Платформата ја користиме веќе три дена и мојот впечаток е дека е корисна, видеата се солидни и доволни за следење на наставата, се уште треба да се аплаудираат содржини има и погрешно распоредени содржини по наставни години, нема модул за фидбек за да се укаже на ова” – вели Черепналкоска.

Самите услови диктираат секој наставник да оствари свој автентичен начин на кој ќе комуницира со учениците. Сите алатки кои ги имаме на располагање дозволуваат можност да се пристапи до учениците и да се најдат соодветни модели, смета професорката Ќупева.

“Искуствата за сега се позитивни, затоа што децата имаат природна врска со технологијата и тие се на некој начин наши ментори да стапиме. Апел до наставниците да бидат умерени во очекувањата и во она што го задаваат како задача. Треба да се земе и психолошкиот момент во кој сега функционираат семејствата и во таа смисла да се биде умерен и во очекувањата” – вели професорката Тамара Ќупева .

Сепак треба да се дадат подолги рокови и на наставниците и на учениците и студентите.

Секојдневната настава ќе покаже во пракса кои се нештата кои добро функционираат и кои се нештата кои можат да се подобрат во вакви вонредни околности.

Нина Стефанова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ