
Предизборните коалиции ќе се објават до крајот на неделата
Пресудна недела за составување на кандидатските листи за пратеници. Партиите растрчани на терен го сондираат мислењето на граѓаните. СДСМ има формирано Комисија за селекција во која учествуваат домашни и странски експерти а вклучено е и раководството на партијата кои ќе треба да го направат распоредот на силите.Она што е познато е дека Зоран Заев ќе биде носител во 4 изборна единица, а Билал Касами во 6-та. Викендов официјално ќе ја објават предизборната коалиција со другите партии.
И највисоките партиски тела на ВМРО ДПМНЕ секојдневно прават математички калкулации и преговараат со партиите со кои беа во коалиција. Не ја исклучуваат можноста да им се приклучат нови партии . На листите ќе има претежно нови лица, а место ќе се најде и за дел од пратениците. ДУИ на изборите ќе настапи самостојно, а нивните очекувања се дека ќе бидат дел од новата Влада. Алијансата на Албанците и Алтернатива ја објавија предизборната коалиција, додека НДП на Мемеди се откажа од изборите.
Јулијана Пешевска