
Пред Уставен оспорен Законот за амнестија
Со Законот за амнестија се ставаат во нееднаква положба сите осудени лица бидејки за едни важи амнестијата за други не смета адвокатот Сашо Дуковски кој денеска поднесе иницијатива до Уставниот суд и бара на јавна седница да се дискутира за ова прашање. Членот 3 од законот е спротивен на Уставот, вели Дуковски.
Во оспрениот член три од законот пишува дека амнестијата не важи за осуденици на казна доживотен затвор за Убиство за кривични дела против избори и гласање за кривични дела против половата слобода и половиот морал, за кривични дела против државата , против човечноста и меѓународното право
Амнестијата е во полн ек. Претседатлеот на кривиичниот суд Џолев на брифингот со новинаритеп отврди дека до сгеа решиле две третини од барањата за амнестија кои простигнале од затворите
Решенијата беа изготвени во предвидениот рок од пет дена, поради што се работеше до полноќ и за виекнди. За да се одоговри на сите барања беше потребно да се направи увид во околу 10.000 пресуди, смета Иван Џолев, претседател на Кривичен суд.
Според информациите од Управата за извршување на санкции до истекот на денешниот од затворите биле пуштени 436 осудени лица, а вкупната бројка на осуденици кои што треба да излезат од затвор според Закон за амнестија е 780. Директорот на Санкции, Јовица Стојановиќ, за Телма потврди дека досега добиле вкулно 1.409 решенија од судовите.
Уставниот суд пред две години ги укина ограничувањата во кривичмите дела од законот за помилување по што следуваше и големата аболиција на претседатлеот Иванов за сите осомничени од сјо што резултираше со големи протести.
Елена Ивановска Муковска