
Пред пратениците ќе се најдат уште построги правила за гласање околу паралелниот увоз на лекови
Мнозинството пратеници предложија, заменик-министерот за здравство се согласи, а комисијата за здравство изгласа дека наместо безбедносен сертификат, веледорогериите се условуваат да обезбедат и анализа на квалитет за лекот кој го увезуваат.
Остануваат правилата документот да биде оригинален и да се однесува на земјата извор на паралелниот увоз. Останува да се увезува и од Турција и од Русија и од секоја земја од Европската унија по исти правила, иако опозицијата предлагаше да се укинат сертификатите ако се увезува од земји членлки на ЕУ.
Далеку сме од Европската унија, одговори заменик- министерот за здравство кој изрази сомнеж дека и таму се фалсификуваат лекови.
Помина на јавна расправа, но предлагачот не ги предвиде укажувањата на здруженијата на пациентите и да се огранични увозот на лекови во Македонија од земји кои не гарантираат квалитет.
Анализа на квалитетот на лекот е последната измена која дојде од мнозинството.
Вака прецизирани предлог измените во законот за лековите и медицинските средства по две комисиски читања ќе се најде пред пратениците на некоја идна пленарна седница, а дотогаш се одвива непрекинат увоз на лекови најчесто од Турција по старата законска регулатива, лекови за кои пациентите реагираа дека предизвикуваат нескани појави, а обвинителството отвори педмет и истражува криминал за увозот.
Павле Беловски