
Пред 1000 години, преставници на тогашниот папа го крунисале Цар Самуил
Повеќе од илјада години во Охрид силно одекнува ехото од бурните историски настани во кои се родила најголемата средновековна држава на Балканот – Самуиловото царство. Неговото настанување и опстојување како такво во голема мера се должи на директното признавање од римскиот папа, кој во тој период, околу 1000та година, се’ уште бил само само еден од поглаварите на христијанството. Дел од историчарите се уверени дека тоа не се случило во Преспа, како што најчесто се среќава во науката, туку во Охрид, бидејќи за таква цел на Самуил покрај државна му требалa и духовна престолнина. Градот тогаш бил голем епископски центар каде поминале првоапостолите Павле, Андреа, Св. Еразмо. Самуил сакал да ја искористи таа традиција, но и стратешката позиција на Охрид кој се наоѓал на главниот пат Виа игнација. Почнал големи зафати за негово претворање во престолнина и ја воздигнал Охридската архиепископија.
Се претпоставува дека крунисувањето на Самуил во цар претставниците на римскиот папа го извршиле во храмот кој тој го подигнал во чест на заштитникот на Охрид Св. Климент Охридски, за кој познатиот историчар на уметност Гоце Жура тврди дека се наоѓал под сегашната црква Св. Софија. Иако во сосема друг контекст, влијанија од Рим се забележуваат и во овој храм.
1005 години по смртта на Самуил по што започна распадот на неговото царство, римскиот папа за прв пат во историјата доаѓа во Македонија. Не е предвидена негова посета на градот каде се претпоставува дека емисари на неговите далечни претходници го крунисале големиот цар. Тврдините и артефактите од тој период останува да сведочат за историските настани пред големата шизма и поделбата на христијанството, кои имаат влијанија до ден денес.
Горан Момироски