Преамбулата отвори бројни дилеми, ќе има ли простор за промена на амандманите?

Предлози и бројни дилеми за Преамбулата на Уставот. Универзитетските професори Љубомир Фрчкоски и Владо Попоски ги презентираа на јавната расправа своите ставови за нацрт текстот на амандманите. Фрчкоски смета дека добро е да се цитираат одлуките на АСНОМ отколку да се вметне прогласот. Охридскиот договор има историско значење но тој не може да влезе во преамбулата заедно со историските документи.

Професорот Блерим Река предупреди дека нема многу маневарски простор за интервенција во амандманите затоа што обврските од Договорот од Преспа мора да се реализираат. Претстои тежок политички период со многу предизвици. Мора да се реализира амнестијата, свои барања имаат и четворицата пратеници од албанската опозиција.

За да се задоволат барањата на етничките заедници, професорот Владо Поповски предлага во преамбулата да биде наведено, граѓани на Република Северна Македонија, (запирка) македонскиот народ, албанскиот, турскиот, српскиот, ромскиот, бошњачкиот, влашкиот.

Премиерот Заев соопшти дека за уставните амандмани се консултира со Грција а како прифатливи ги оцени предлозите на Панчо Минов за постепена примена како и на Илија Димовски за вметнување на Уставот од 1991 година во преамбулата.

Остануваат уште 4 јавни расправи за уставните амандмани. По нивното завршување Владата во рок од два дена треба да достави извештај до Собранието и конечна верзија на текстот по што ќе се пристапи кон гласање за што во третата фаза неопходно е двотретинско мнозинство.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ