
Празни улици во Струмица, земјоделците бараат пропусници
Празни улици, мала раздвиженост. Вака е викендов за време на целосната забрана за движење во Струмица. Полициските екипи се подготвуваат за патрола. Се прави план која екипа во кој реон од градот или населеното место ќе има должност да го контролира јавниот ред.
Од почетокот на забраната за движење, најчести прекршоци се оние поврзани со членовите 205 и 206 од Кривичниот законик. Телефоните во полицијата, пак, постојано ѕвонат. Но, најчесто за информации.
Земјоделците се интересираат главно како и на кој начин смеат да се движат за обавување на полјоделските работи.
За време на полицискиот час, сепак има и активни дејности.
Освен полицијата, викендов активни се и рестораните, маркетите и други услужни дејности кои работат под посебни дозволи и можат да доставуваат храна и други потребни намирници до домовите на граѓаните.
Полицискиот час започна во петок во 16.00 часот попладне. Ќе заврши утре во пет часот наутро.
Сузана Мицева