Правниците револтирани од решенијата за законот за СЈО, обвинителите избегаа од камерите

Бурно било на состанокот меѓу правните експерти и невладините од една страна и државните и специјалните обвинители од друга на денешниот состанок во министерството за правда за законот со кој треба да се реши судбината на СЈО. На крајот државниот обвинител Љубомир Јовески, шефицата на организиран криминал Вилма Русковска и специјалната обвинителка Ленче Ристовска ја избегнаа јавноста излегувајќи од заден влез и не го кажаа ставот околу судбината на СЈО. Професорот на правниот факултет Гордан Калајџиев изреволтиран. Вели од она што го слушнал на состанокот ќе се стави стечај на СЈО и на можноста било какво обвинителство да гони висока корупција.

Извори на телма брифираат дека на состанокот биле презентирани две решенија. Првото кое го поддржува власта и со кое обвинителите од СЈО би оделе во одделение во рамки на организиран криминал и корупција а нивните истражители би се вратиле од местата од каде и дошле. Второто на опозицијата кое сека и специјалните обвинители да се вратат во обвинителствата од каде што дошле, а предметите на СЈО да ги работат обвинители од организиран криминал. За невладините не е прифатливо ниту едно од овие две решенија оти така нема да се има никаква автономија во гонењето на висока коруција и политичари.

Каков е ставот на двете обвинителства за сега не се знае. Не коментираа ни од СЈО ни од државното обвинителство. Не се знае ниту судбината на прислукуваните разговори како докази, посебно оние кои до сега СЈО не ги пресулуало.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ