
Правници: Политичарите да не се пазарат за СЈО
Улогата на СЈО е да се бори со високата корупција и затоа не треба да се жртвува владеењето на правото поради политичките пазарења меѓу власта и опозицијата порачуваат правните експерти. Додека опозицијата бара СЈО да нема автономија ниту финасиска независност односно СЈО да биде одделение во рамки обвинителството за организиран криминал, дел од правниците и невладините бараат што поголема автономија и независност за да може без пречки да ги гони криминалите на фунционерите на сметка на буџетот.
Според правниот аналитичар Андреј Божиновски отворените истраги не смеат да пропаднат а СЈО треба да биде посебно обвинителство со институционална независност за што посочува дека има согласност и од венецијанската комисија.
Претходно и 7 граѓански организации кои се занимаваат со правосудните реформи преку соопштение прашаа дали со посточекото законско решение ќе се доведе во прашање автономијата и функционалноста на СЈО, ако истото се претопи во јавното обвинителство? Побараа и доработка на законот.
Од министерството за правда пак уверуваат дека законот нуди ефикасни гаранции за професионална борба против криминалот и корупцијата, не содржи скриена амнестија, ниту можност било кој да ја избегне правдата.
Елена Ивановска Мукоска