Правда за жртвите кај Смилковското езеро, побараа граѓаните на протест пред судовите

Пристигнувањето на десетината транспаренти испишани со пораки како нема правда нема мир и спиеш ли мирно Заев го означија и официјалниот почетокот на протестот. Граѓаните го блокираа булеварот пред судовите и побараа правда за жртвите од Смиљковското езаро.

Родителите на жртвите не дојдоа на протестот. Во телефонски разговор дел од нив ни кажаа дека заедно одлучиле да не присуствуваат. Потсетија дека се разочарани од сите и политичарите и правосудството. Родителите велат со години се одолговлекува вистината, се злоупотребува нивната болка и се прават пазари со нивната трагедија.

Денешниот протест бил пријавен во МВР. Кордон од полиција ги заштитуваше судовите. Граѓаните рекоа дека дошле откако разбрале од социјалните мрежи или познаници и тврдеа дека не знаат кој е организатор.

Мегу насобраните можеше да се забележи и еден од обвинетите за насилството во општина Центар или познат како шамарите во Центар, а се делеа и покани за вечерашниот протест пред Собранието.

По четириесетина минути мирен протест заминувањето на транспарентите го означи и крајот. На средината на мај се очекува да започне судењето за „Монструм“ откако СЈО го презеде предметот во своја надлежност. На последното рочиште родителите побараа претрес во СДСМ и да сведочи Заев, кој во партиското седиште им пуштил раздовор меѓу обвинетиот Азири и екс градоначалникот на гостивар Бејта. Според премиерот разговорот бил за субвенции.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ