
„Правда за Никола Груевски“ побараа граѓани и партиски соработници
Името на ескпремиерот Никола Груевски цел час одекнуваше пред кривичниот суд во Скопје. Симпатизери, членови на партијата ВМРО-ДПМНЕ и негови поддржувачи побараа правда за поранешниот лидер на партијата. Зад 5-те барања, прв застана организаторот на мирниот протест Александар Трајковски, обвинет заедно со Груевски во предметот насилство во Општина Центар. Од кривичниот совет во судот побара да му ја прифати жалбата за одложување на затворската казна за набавката на луксузниот мерцедес, а од претседателот Ѓорѓе Иванов, да најде начин и да го запре политичкиот прогон против поранешните први луѓе на партијата.
Протест заврши, граѓаните се разотидоа, а организаторите барањата ги однесоа кај Иванов во вилата на Водно. Протестот кој беше закажан на социјалните мрежи го поддржаа и поранешни функционери, пратеници и соработници на Груевски. Најбројни беа пратениците меѓу кои Крсто Јовановски, Драган Данев, Трајко Вељановски кои ги избегнуваа камерите на медиумите. Оние кои говореа ја критикуваа и актуелната власт.
Ги немаше обвинетите во случајите на СЈО. За судските работи изјава даде поранешниот градоначалник и лидер на партијата ГРОМ, Стевчо Јакимовски.
Граѓаните, пак, донесоа знамиња, транспаренти и скандираа „Правда за Груевски“. Прашани, велат дека го поддржуваат и му порачаа дека тој не е сам во борбата.
Судот на Груевски му изрече 2-годишна заатворска казна за незаконито влијание за примање награда околу набавката на луксузен, блинидран мерцедес во минситерството за внатрешни работи. Апелација ја потврди казната, деновиве привршуваат последните рокови за жалба на уаптниот акт со кој Груевски треба да се јави во затворот во Шутка за издржување на казната.
Павле Беловски