
Правда не може да плаќа за душевна болка, Десковска обвинетите ги испрати парите да ги бараат на суд
Откако Министерството за правда го одби барањето за оштета, министерката Десковска сега тврди дека парите на обвинетите во судскиот случај „Сопот“ ќе ги исплати ако судот донесе таква одлука. Дел од обвинетите побараа 2,5 милиони евра за претрпена душевна и физичка болка во 15 годишниот судски процес, од кој излегоа дека не се виновни за подметната мина и смртта на двајцата полски војници и еден македонски државјанин.
Одбраната на дел од обвинетите не се согласуваа со ставот на министерството, бидејќи според адвоактот Вулнет Пачуку, одбраната го искористила правото да испрати барање до правда, а оттаму во рок од три месеци да соопштат со понуда за обесштетување.
Дали ќе продолжат во нова судска потрага по правда, обвинетите ќе соопштат наредната недела. Загрижени се дека новиот судски рпоцес а надоместок на нематеријалан штета ќе трае две до три години и ќе има големи финансиски трошоци, некаде од три до пет илјади евра по лице.
Законот за облигациони односи пропишува исплата на нематеријална штета, но во досегашната судска пракса висината се утврдувала според вештачењата на експерите. По враќањето на предметот до првостепениот суд и застапувањето на обвинението од страна на Специјалното јавно обвинителство, на 19 март оваа година, тие беа прогласени за невини.
Павле Беловски