
Пратениците со претставниците од Венецијанската комисија не разговарале за законот за јазиците
Претставници од Венецијанската Комисија денеска имаа посебни средби со пратениците од владејачкото мнозинство во Собранието, како и со опозициските пратеници. Разговарале околу забелешките за законите за судовите и судскиот совет, но не и за законот за јазици како што се очекуваше.
За оваа тема најавија дека ќе разговараат наредниот пат.