Пратениците на ВМРО – ДПМНЕ со предлог-одлука за формирање на Анкетна комисија

Пратениците од ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ до Собранието на Република Македонија доставија предлог-одлука за формирање на Анкетна комисија за испитување на целокупниот процес на референдумското изјаснување на 30-ти септември 2018 година, соопштуваат од партијата.

Според ВМРО – ДПМНЕ покрај периодот на кампањата, анкетната комисија ќе има за задача да ги провери индициите дека на одредени избирачки места има сериозни нерегуларности односно фалсификување на резултатите преку полнење на кутии.

Анектната комисија ќе има задача да утврди дали за време на кампањата постоело поткупување на гласачите и правење на притисоци од одредени избрани и именувани јавни функционери.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ