Пратениците ги повикаа останатите двајца антикорупционери да си поднесат оставка

Двајцата антикорупционери кои се уште не поднеле оставки, веднаш тоа да го сторат. Ова беше побарано на денешната седница на комисијата за именување во Собранието каде се потврдени петте оставки на останатите членови на антикорупциската комисија. Пратеникот од ДУИ, Артан Груби скандалот со корупцијата во редовите на антикорупциската го натера да ја нарече комисија во одбрана на корупцијата.

Зошто до сега Сузана Таскова Аџикотарева и Најдо Спасевски не поднесоа оставки тие не одговараат. За седумттемина антикорупционери ревизијата откри дека правеле злоупотреба со патните трошоци и кириите, а дел од нив воопшто не доаѓале на работа. Под притисок на јавноста петмина поднесоа оставки, а власта веќе размислува да го промени законот и начинот на кои се бираат членовите на антикорупциската.,

Еден антикорупционер може сам да си поднесе оставка, или да биде разрешен само ако е осуден на затворска казна или е деловно неспособен. Сега власта тврди дека ќе се обиде да најде модел на антикорупциската кој ќе биде поефективен во борбата со корупцијата меѓу функционерите.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ