
Пратениците до доцна синоќа не се усогласија за договореното на лидерската
Претседателот на Собранието, Талат Џафери синоќа не закажа седница на која требаше да се избере новиот состав на Државната изборна комисија и да се изгласаат измените во Законот за Влада и законот за финансирање на партиите. Пратеничките групи имаа координација кај Џафери, но до доцна во ноќта не се усогласија за она што лидерите на политичките партии вчера се договорија.
Неофицијално, пратеничките групи на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ не се усогласија во врска со некои членови од законот за финансирање на партиите, околу казните во делот за злоупотреба на службената положба и овластувања и замена на затворските казни со парични.