Пратениците бараат подобра здравствена заштита на осудениците

Пополнување на кадарот со нови вработувања, зголемување на платите, ангажирање на педагози и псиохолози, подобра медицинска нега и терапија за осудените, изградба на нова болница и избор на директор кој би дошол од редарската служба се само дел од препораките на анкетната комисија  за заштита на слободите и правата на граѓанинот кои ќе се достават до Владата, Собранието и надлежните институции а преку кои би требало да се подобри состојбата во казнено поправните институции и со тоа да се овозможат подобри услови за издржување на затворските казни и подобар третман на осудените лица.

Во најголемиот затвор во Македонија – Идризово да се забрза изградбата на притворското одделение додека пак истото одделение во затворот „Шутка“ да се издвои како посебно правно лице се меѓу препораките.

Пратениците бараат малолетните осуденици кои ја издржуваат казната во затворот во Охрид, што е можно побрзо да бидат префрлени во воспитно поправниот дом во Тетово, кој во моментов зјае празен.

Корупцијата и нехуманиот третман на осуденици се проблеми за кои анктетната комисија бара веднаш да се адресираат.

Во предлог заклучоците ќе се бара и соодветен третман на зависниците за да се намали стапката на хепатит, да се спречи употребата на дрога и корупцијата.

Ресоцијализацијата на осудениците е клуч во намалувањето на стапките на криминал, а во моментов во Македонија нема ефективна програма ниту пак служба и стручни лица кои работат на оваа проблематика.

Членовите на анкетната комисија најавија дека наредната недела ќе го посетат охрдискиот затвор каде што малолетниците ги издржуваат казните.

Огнен Чанчаревиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ