Пратеникот Љупчо Димовски пред обвинител

Пратеникот Љупчо Димовски и во обвинителството за организиран криминал ги видел снимките од холот на Собранието кои Телма ги објави уште во мај годинава. Што кажал во своја одбрана, што говорел за отворањето на вратите и зошто бил во холот во тие моменти не се открива. Тој не сакаше ниту да кометира откако по час и половина исказ излезе од обвинителството со полициска придружба

Ова е прво појавување на Димовски пред обвинителот и следува по забелешките на адвокатите во овој предмет дека на осомничените им се продолжува притворот, а никој не ги повикува ниту сослушува.

Миланов потврди дека поднел жалба на куќниот притвор на Димовски, но до сега не бил повикан на јавна седница во апелација. Веќе од понеделник ќе се одржат јавни седници за пратеничката Жаклина Пешевска и еден од организаторите на протестите Борис Дамовски.

По Пешевска и Тарчуловски, Димовски е трет пратеник кој неделава дава исказ во обвинителството. Вчера беше сослушан и Игор Дурловски. Се уште нема покани за тројцата пратеници што се во притвор во Шутка, Мукоски, Василевски и Арнаудов.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ