Пратеничка од СДСМ и градоначалникот на Валандово повредени во сообраќајна незгода

Пратеничката од СДСМ Мери Лазарова и градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов, се повредени откако со автомобил удриле во одронати камења на патото Демир Капија -Удово а потоа на нив налетал камион, соопшти МВР. Лазарова, која била посериозно повредена, е хоспитализирана на скопските Клиники додека градоначалникот на Валандово Перо Костадинов бил полесно повреден.
Според првичнитите информации, сообраќајната несреќа се случила вчера околу 17:50, на местото викано „Маркова чешма“. Според полицијата, Лазарова управувајќи автомобил „Опел Корса“ со гевгелиски регистарски ознаки удрила во одрон од камења на коловозот. Веднаш потоа, А.М. (57) од Богданци, управувајќи товарно возило „Волво“ со гевгелиски регистарски ознаки, кој возел зад нив, удрил во возилото.
Лазарова и Костадиновсо возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Општа болница Кавадарци.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Неготино.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ