Познати полуфиналните двојки во Купот

Во просториите на ФФМ денеска беа извлечени двојките за полуфиналето од Купот на Македонија.

Актуелниот освојувач и бранител на трофејот, Пелистер, ќе излезе против Академија Пандев, додека во вториот полуфинален меч за место во финалето ќе спорат Шкендија и Ренова.

Во првите средби домаќини ќе бидат Пелистер и Шкендија.

Финалето во македонскиот куп оваа година се игра на 9 мај.

Двојки за полуфиналето во Купот на Македонија:

ФК Шкендија – ФК Ренова

ФК Пелистер – ФК Академија Пандев

Термини за одигрување на натпреварите:

14.03.2018., среда, 14.00 |  прв натпревар

11.04.2018., среда, 16.00 |  реванш натпревар

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ