Познањ ја потврди помошта за регионот, но не и ветување за брза интеграција во ЕУ

Европската перспектива за Западниот Балкан останува, но во земјите од регионот потребна е засилена борба потив корупцијата, јакнење на човековите права, добро владеење, поголема меѓусебна соработка, економско и инфраструктурно поврзување, како и запирање на одливот на мозоци и на младите луѓе од државите. На ова се обврзаа лидерите од Западниот Балкан во Познањ, Полска, каде тие се сретнаа во рамки на Берлинскиот процес, додека претставниците на Европската унија и земјите-членки кои се дел од овој процес ветија поддршка за тоа.

„Ние сме многу задоволни и горди што можеме да ве информираме дека со поддршката на петтиот пакет за поврзување на овој Самит во Познањ веќе исполнивме 90 отсто од залог од 1 милијарда евра. Овие грантови ги трошат вкупните инвестиции од околу 3,2 милијарди евра“, рече Кристијан Даниелсон, директор на Директоратото за проширување на ЕК

Конкретна поддршка Европската комисија годинава ќе стигне преку финансии за осум прокти за инфраструктурно поврзување на регионот, од кои три се за земјава во висина од 42,7 милиони евра – и тоа 13,2 милиони евра за интерконектор за природен гас со Грција, 2,8 милиони евра за заеднички железнички граничен премин меѓу со Србија, кај Табановце, а за автопатот од Блаце до Скопје 27,8 милиони евра. Во заклучоците на Самитот наведнеи се и средства кои регионот ќе ги добие од Унијата за вработивање на младите, но и помош за развој на бизнисите.

Но она што Европската комисија и земјите-членки кои се дел од Берлинскиот процес не можеа  да го детерминираат со конкретни бројки е датумот во октомври за старт на преговори со Унијата за земјава и за Албанија. Германската канцеларка Ангела Меркел беше искрена по тоа прашање.

„Преспанскиот договор беше голем чекор напред. Ние со години го чекавме тој чекор и на сите нас ни олесна затоа што на некој начин се отвори патот кон НАТО и патот за отворање на преговорите за членство. Што се однесува до останатото методот на работа на ЕУ е поинаков и не станува збор за вршење на притисок кон другите, зборуваме за суверени и независни држави и секоја држава мора да донесе одговорни одлуки. Но јас со оптимизам гледам на есенва“, Ангела Меркел, Канцелар на Германија.

Оптимизам и порака да се датум за преговори во октомври, во Познањ стигна од еврокомесрот Хан, кој рече дека има време до октомври, но кој на состаноците го потсети регионот дека корупцијата продолжува да биде жежок костен кој мора да се реши. Лидерите тоа и самите го потврдија во заклучоците, каде освен зголемување на напорите за борба против корупцијата и несоодветно трошење на буџетските пари, признаа дека со неказнивоста се наградува сторителите. Тие побараа Европската унија да продолжи со помошта за борба против корупцијата во регионот.

Новата рунда од Берлинскиот процес заврши со позитивни оцена дека тој ја зголемил економската соработка меѓу земјите, овозможил отворени дебати за ногу прашања, а најави дека до следниот самит идната година во Макединија и Бугарија, во неговата работа ќе се вклучат и парламентите од регионот.

Тамара Грнчароска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ