
Позитивна првична оценка од СЕП за нон-пејперот, но и дилеми
Седумте области во нон-пејперот на Франција според вицепремиерот Бујар Османи содржат седум позитивни работи за земјава, но и отвора и многу прашањ и делиме кои дополнително ќе се расчистуваат.
Позитивните според него се дека доаѓа многу брзо по октомврискиот самит, потврдува дека нема друга алтернатива освен членство, земјава ќе може да ги користи фондовите наменети за членките на ЕУ, постриктниот мониторинг на пристапувањето што ќе ги држи владите фокусирани, а реверзибилноста на процесот и деталните патоказите за секоја земја се стимул за фокусираност и забрзување на процесот.
Седмиот позитивен елемент, за Османи, е учеството на земјава во телата на Советот пред самото членство. Османи ги наброја и дилемите од нон-пејперот.
„Па на пример прашањето што значи консекутивноста, што значи отворањето на областите едно по друго. Второ како ќе се вклучи досегашното трансформирање на општеството односно имплементација на Спогодбата за стабилизација и асоцијација. Има и други прашања кои што допрва ќе треба да се разработат и од самата Комисија ако биде задолжена од страна на Советот да ја разработи оваа методолгија. Меѓутоа на прво читање извлековме повеќе позитивни елементи од самата методологија“, изјави Бујар Османи, вицепремиер за европски прашања.
За документот Османи денеска разговарал со амбасадорот на Франција кој рече дека е задоволен од првичната реакција на предлогот.
„Оваа многу позитивна прва проценка, верувам дека ќе има други забелешки, но првичниот пристап многу добро покажа дека ние не сме во драматична ситуација, туку дека чекориме задно за да најдеме вистинки начин да ја интегрираме Северна Македонија во реформирана ЕУ“, изјави Кристијан Тимоние, амбасадор на Франција во Македонија.
Коментари за предлогот од земјите-членки на ЕУ се уште нема, но како што рече Тимоние, се уште е рано за тоа, иако очекува дебата на темата.
„Се надеваме дека ако ова позитивно расположение го има и кај другите членки, ние ќе може да се движиме многу брзо. Ние би сакале работите да бидат по можност завршени до почеоткот на идната година и да бидме подготв беи на самитот во Загреб, бидејќи тој е рокот кој го поставивме за нашиот напор“, изјави Кристијан Тимоние, амбасадор на Франција во Македонија.
Османи пак за проценките дали рамката новата методологија ќе ги продолжи и скрати преговорите рече дека тоа ќе се знае откако ЕК ќе го направи деталниот план за преговарање.
Дека нон-пејперот веќе се разгледува од земјите-членки денеска потврди министерка за надврошени работи на Шведска, која по средбата со Димитров во Скопје, не сакаше да го коментари документот кој го дибиле во потокот и се уште го анализираат.
„Нашиот став е дека би сакале да видиме реформирање на начинот на кој пто се довива процесот на пристапување и затоа ја поздравуваме ваквата дискусија“, рече Ан Линде, министер за надворшени работи на Шведска.
И за шефот на македонската дипломатија се уште е рано да се даваат коментари за предлогот пред да се направат потемелни анализи.
„Можеби за нас е мудро, можеби не директно кон овој нон-пејпер, туку како општи принципи,за нашите макеоднски граѓани е клучно и немаме што да згубиме ако има повеќе стриктност во процесот“, изјави Никола Димитров, министер за надворшени работи на Македонија.
Димитров информираше дека дебатат во ЕУ за нон-пејперот на Франција најверојатно ќе почне на утрешниот Совет за општи работи на Унијата.
Тамара Грнчароска