
Пожарот во подножјето на Пониква пеплоса над 150 хекатри борова шума и ниска вегетација
Пеплосана борова шума, ниска вегетација, сандаци со пчелни семејства е денешната слика по големиот шумски пожар во подножјето на Пониква. 76 годишниот Борис Костадинов од кочанското село Бели потпирајќи се на бастанот го гледаше пустошот, кој зад себе го остави пожарот. Ваков голем пожар тој не памети на овој дел од планината.
Уништени се 150 хектари борова шума, се уште на одредени места и чади, па пожарникарите, од Кочани, но и од другите градови, вработените во Македонски шуми и од другите институции се уште се на терен.
Командирот на кочанските пожарникари вели дека сомнежот дека е подметнат, доаѓа откако неделава на овој дел во три наврати гаселе помали пожари, за да вчера добие на интензитет, најкритично било под Лешка кривина.
Македонски шуми дополнително ќе ја утврдува штетата од пожарот.
Поради топлитниот бран на сила е и делумната забрана за движење во шума. Надлежните институции кои беа вклучени во гаснењето на овој голем шумски пожар во Осоговието бараат виновниците да се најдат и казнат, со цел да престане дивеењето на пироманите.
Викторија Димитрова Јованова