
(видео) Ветрот го движи пожарот на различни правци , сообраќајот пренасочен
Не стивнува пожарот кај Велешко. Ветрот го движи во различни правци. Во моментов гори нискостеблеста шума зад Велес, на регионалниот пат. Пожарот што избувна во близина на Велешкото езеро Младост се симна до автопатот Скопје – Велес. Сообраќајот се пренасочува по регионалниот пат езеро Младост кон Велес, соопштија од АМСМ. Силниот ветер го прошири пожарот на голема површина, кон два правца, кон велешкото езеро и кон селото Отовица, каде во опасност биле првите куќи, односно оние што се блиску до железничката пруга. Пожарникарите успеале првично да го локализираат пожарот, но истиот брзо се проширил поради ветрот.
Во гасењето ангажирани се 50 вработени од армијата, еден армиски хеликоптер и два авиони од дирекцијата за заштита и спасување. Исто така, на помош се пратени и пожарникари од неготино и кавадарци. Општина Велес апелира граѓаните да не се движат во близина на опожарените појаси околу езерото.