Пожарот над скопските села е ставен под контрола, ќе се гасне изутрина

Екипите на противпожарната единица на Град Скопје се повлекуваат од теренот над скопското село Буковиќ, каде изутринава избувна шумски пожар. Заменик-командантот на пожарната, Звонко Томески, за Телма изјави дека пожарот над ова село е изгаснат, но останува разгорен пожарот меѓу селата Раовиќ и Ласкарци, кој пак е ставен под контрола.

Томески вели дека со гаснење ќе продолжат утре изутрина, поради тоа што навечер е опасно да се работи. Истакна дека нема никакви шанси пожарот вечерва да се доближи до селата и да го загрози локалното население, бидејќи на терен ќе останат екипи да контролираат.

Пожарот избувна изутринава околу 10 часот на непристапен терен над скопското селото Буковиќ, меѓу селата Раовиќ и Ласкарци. Опожарена е дабова и деградирана шума. Според проценките на скопската противпожарна бригада со огнот е зафатена територија од 100-тина хектари. Гаснењето дополнително беше отежнато од ветрот кој влијаеше на ширење на пожарот. Пожарот го гаснеа три противпожарни возила и вработени од ЈП „Национални шуми“.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ