Пожарот кај Мисајловски подметнат – индиции има, нема докази за сторителите и мотивите

Истрагата за пожарот во објектот-пекара на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски е во тек, се работи напорно и има првични индиции за сторителите. Началникот на СВР Скопје Ристе Ставревски рече дека ќе се чека да се заврши истрагатз за да се утврди дали настанот има политичка заднина

-Рано е за заклучоци без материјални докази, изјави Ставревски кој тврди дека истрагата треба да заврши и да ја отстрани дамката од предизборниот период. Да не се повторат такви дела, истакна началникот на скопската полиција.

Ноќта сабота кон недела беше запалена пекарата на семејството на Мисајловски во населбата Ѓорче Петров.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ