Пожарникар починал при гасење пожар во близина на Транзитниот центар за странци

Четириесет и седумгодишен пожарникар Г.Ј. од Скопје починал вчера откако му се слошило додека учествувал во гаснење на пожар во близина на Транзитниот центар за странци.

Пожарникарот со возило на Итна медицинска помош е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде починал во 18:30 часот. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.

Пожарот избил околу 16:30 часот и биле опожарени сува трева и дрвени кукички

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ