Пожарникар од Охрид претепан и тешко повреден од насилен колега

53 годишен пожарникар е тешко повреден, откако утрово бил физички нападнат од насилен колега, кој неофицијално бил на боледување. Тој неочекувано му задал повеќе удари со тврд предмет во главата по што го напуштил местото.

Повредениот пожарникар најпрвин бил пренесен во охридската општа болница, од каде по укажаната лекарска помош во сериозна состојба е пренесен на скопските клиники. Инцидентот го потврдија вработени во ПТТПЕ Охрид, како и полицијата која попладнево лиферуваше соопштение во кое се наведува дека нападот го извршил 40 годишен пожарникар, жител на селото Велгошти, кој се сомничи за нанесување на тешки телесни повреди на службено лице.

Ова е втор напад на насилниот пожарникар врз колеги во изминатите три недели. Неодамна тој нападнал пожарникар со метална прачка, кому исто така му нанел сериозни повреди. Вработен во противпожарната служба во Охрид велат дека насилството од колегата за кој сметаат дека е непресметлив и опасен по колективот, но и по околината, трае подолг период, за што во повеќе наврати писмено ги предупредиле претпоставените во службата и во локалната самоуправа, од кои бараат најитно да преземат соодветни мерки и да ги заштитат, во спротивно велат дека нема да можат да ја обавуваат должноста.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ