
Пожар во Националниот парк „Галичица“
Утринава избувна пожар во Националниот парк „Галичица“. По околу 3 часа борба со огнената стихија, пожарот е целосно изгаснат. Во гаснењето учествуваа екипи на професионалната противпожарна единица од Охрид и на Националниот парк „Галичица“.
Според првичните неофицијални информации, огнот зафатил површина од околу 2 хектари нискостеблеста шума, главно смрека и трева.
Чадот од пожарот можеше да се забележи од голема далечина, што предизвика вознемиреност и кај граѓаните.
Најверојатно причина за пожарот е човечки фактор.
Во друг пожар, пак, што избувнал попладнево во крајезерското село Љубаништа, изгореле викендичка и камп приколка. Жртви нема, но предизвикана е поголема материјална штета.
На местото на настанот интервенирала територијалната противпожарна единица од Охрид со две возила, која спречила ширење на пожарот на околните објекти.
Горан Момировски