Пожар над скопска Пинтија, огнот на 200 метри од куќите

Пожарот кој претпладнево изби над скопската населба Пинтија, е на 200-те метри од куќите во месноста Девлиште.

Зафатена е поголема површина мешана шума. Огнената стихија е на непристапен терен, а гаснењето го отежнува и ветрот. На терен се  три екипи на скопската пожарна, а на помош била повикана и уште една екипа. Помага и локалното население, кое стравува дека стихијата може да дојде до нивните домови.. Апелираат да се активираат повеќе пожарникари. Причините за пожарот не се познати, но мештаните се сомневаат дека е предизвикан од отпушоци кои се фрлени од луѓето, кои тука минуваат.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ