
(видео) Пожар кај Катланово
Во Катланово, над бензинската пумпа на автопатот Велес – Скопје, избувна пожар. Во моментов гори нискостеблеста шума, а стихијата се шири кон повисокиот дел со борови дрвја.
Од противпожарната единица Скопје, за Телма велат дека гори голема површина, но пожарникарите успеале да ја спречат стихијата да се движи кон викендиците. Се обидуваат да го изгаснат делот кој е над бензинската пумпа. Од пожарна велат дека наводно пожарот е предизвикан од искрите на шлепер кој минувал на патот Скопје – Велес.
Пожарот го гаснат 18 пожарникари.