
Повторно се бара оставка од морални причини од Рашковски
Генералниот секретар на владата да си поднесе оставка од морални причини затоа што лаже дека има два доктората, бара Димитар Апасиев од Левица. Доколку самиот не го стори тоа, премиерот, вели, треба да го разреши, затоа што овој лажен податок го навел во официјалната биографија, што не е дозволиво за јавен функционер.
Драги Рашковски, кој на функцијата беше избран на 5 јуни минатата година, според Апасиев, со одбранет докторат се пофалил цел месец пред воопшто да му биде прифатена темата!?
Новиот министер за образование изјави дека ќе преземе мерки за случајов.
Рашковски денеска не одговараше на нашите повици. За печатените медиуми вели дека тоа е приватна работа и не е поврзана со неговиот ангажман.
Далиборка Дамјанска Цветановска