
Повторно пад на Македонија, сега е на 106 место на индексот за перцепција на корупцијата
Корупцијата е реален проблем во Македонија, ја има во сите пори на општеството и не се превзема доволно во борбата за нејзино елиминирање а како резултат на тоа државата бележи нов пад овој пат од 13 места на индексот за прецепција на корупцијата. Македонија со 35 поени е на 106 место од вкупно 180 држави според најновиот извештај кој денеска го презентираше претседателот на „Транспаренси Интернешнл“ (ТИ), Слаѓана Тасева.
Акцентот при рангирањето овој пат е на спрегата меѓу бизнис заедницата и политичарите, финансирањето на партиите и купувањето на заштита и моќ од државниот апарат. Рангирањето на Македонија е направено врз основа на седум истражувања кои испитуваат различни сегменти во администрацијата и опшстеството како слободата на изразување, транспарентноста, демократијата, владеењето на праваото, еконоимијата и довербата на граѓаните во државниот апарат.
Пад има речиси во шест од седумте истражува, а единствено напредок, незначителен од два поени има во сегментот од владеењето на правото.
Како препрораки тасева наведе дека мора да се спречи судирот на интереси во сите три власти – законодавната, извршната и судската, да се работи на интегритетот на политичарите и да се охрабрат граѓаните да пријавуваат корупција секогаш кога ќе наидат на неа.
Споредено со државите во регионот Македонија заедно со Албанија го има убедливо најлошиот резултат и двете држави се на 106 место. Најдобро рангирана е Словенија која е на 35 местот а по неа се Хрватска и Црна Гора кои се на 63 односно 66 место на индексот на перцепција на корупцијата.
Огнен Чанчаревиќ