Повторно пад, Македонија е на 106 место листата за борба против корупцијата

Корупцијата е реален проблем во Македонија, ја има во сите пори на општеството и не се превзема доволно во борбата за нејзино елиминирање а како резултат на тоа државата бележи нов пад  овој пат од 13 места на индексот за прецепција на корупцијата. Македонија со 35 поени е на 106 место од вкупно 180 држави според најновиот извештај кој денеска го презентираше претседателот на „Транспаренси Интернешнл“ , Слаѓана Тасева.

Акцентот при рангирањето овој пат е на спрегата меѓу бизнис заедницата и политичарите, финансирањето на партиите и купувањето на заштита и моќ од државниот апарат.

Рангирањето на Македонија е направено врз основа на седум истражувања  кои испитуваат различни сегменти во администрацијата и опшстеството како слободата на изразување, транспарентноста, демократијата, владеењето на праваото, еконоимијата и довербата на граѓаните во државниот апарат.

Пад има речиси во шест од 7-те истражувања, а единствено напредок, незначителен од два поени има  во сегментот од владеењето на правото.

Како препораки, Тасева наведе дека мора да се спречи судирот на интереси во сите три власти –  законодавната, извршната и судската, да се работи на интегритетот на политичарите  и да се охрабрат граѓаните да пријавуваат корупција секогаш кога ќе наидат на неа.

Споредено со државите во регионот Македонија заедно со Албанија го има убедливо најлошиот резултат и двете држави се на 106 место.

Најдобро рангирана  е Словенија која е на 35 местот а по неа се Хрватска и Црна Гора кои се на 63 односно 66 место на индексот на перцепција на корупцијата.

Огнен Чанчаревиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ