Повторно одложена комисиската расправа за законот за медиуми

По трет пат е одложена расправата за Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски ја повика опозицијата да не го блокира носењето на законот и час поскоро да заврши дебатата за медиумските реформи.

ВМРО-ДПМНЕ негира дека ја попречува работата на комисијата. Биле конструктувни и повлекле дел од амандманите, но инсистираат на консензус за изборот на членови на програмскиот совет на МТВ и на Агенцијата за медиуми. Сметаат дека е незаконски да се прекинува нивниот мандат.

Владата смета дека новите членови на советите треба да бидат професионалци и да се бираат со двотретинско мнозинство. Законите се дел од реформските закони направени по препораките на Прибе со цел да се обезбеди независен, ефикасен и транспарентен радиодифузен сервис и отчетно регулаторно тело.

Покрај ВМРО-ДПМНЕ амандмани поднесоа и СДСМ и ДУИ, а претходно се организираше и јавна расправа на која беа дадени одредени забелешки на нацрт верзијата.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ