Повторно не започна судењето за „Таргет-Тврдина“

Неуспешен беше и вториот обид со нови судии да започне судењето за прислушкувањето и уништувањето на опремата против поранешното ракаводство на МВР и вработени во УБК. Вториот судија Горан Бошевски побарал изземање од предметот бидејки претходно веке учествувал во оценувањето на обвинението за Таргет Тврдина. Новиот судија кој влегува на негово место треба да го проучи предметот пред да седне на на судење  објасни главната судијка Џенета Бектовиќ. Следното рочиште го закажа дури за 27 март. Адвокатот на Горан Грујевски и Никола Бошковски не сакаше да шпекулира дали до тогаш може да завршат двете постпаки за екстрадција и азил што ги водат Грчките власти.

  • Судот определува кога ќе бидат закажани рочиштата и кога ќе биде донесена одлука. Така што од наша страна не може ниту да постои некакво влијание ниту, пак, да извршиме некаква процена кога би можело тоа да се случи, вели адвокатот Петар  Василевски.

За информациите во медиумите дека постапката за фалисификуваните пасоши за двоецот од УБК ќе се сели од Солун во Скопје адвокатот вели такво нешто не побарале.

  • Според мене, нема можност да им се суди. Тоа може само кога самите странки би побарале, но тоа не е случај во оваа ситуација, смета Василевски.

Василевски поднел жалба пред судот во Атинна за одобрената екстрадција но се уште немало закажно рочиште. Нема термин ниту за постапката за азил. Последниот пат проблем и во оваа постапка беше преведувач на македонски по што беше одложено на неопределно време.

На денешното рочиште дојдоа сите 9 мина обивнети мегу кои и порнешниот директор на УБК, Мијалков неговиот шеф на кабинет Тони Јакимовски и екс министерката за внатрешни Јанкуловска. Мијалков со обезбедувањето ги заобиколи медиумите и не сакаше да даде изјава

Елена Ивановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ