
Повредените во експлозијата во Романовце и натаму во критична состојба
На апарати за дишење шетмината повредени во трагедијата во Романовце се уште се борат за живот. Десетгодишното момче и 31 годишната жена се уште се во критична состојба. Во животозагрозувачка опасност со изгореници од трет и четврт степен е и жената која е на интензивна нега и е во седмиот месец од бременоста. Тројцата се сместени во хируршката болница „Свети Наум Охридски“.
Останатите , од неделата се хоспитализирани на Карил. Од таму велат дека кај тројцата пациенти згрижени кај нив нема подобрување на здравствената состојба.
Трагедијата во кумановско Романовце се случи во неделата. Причина за трагедијата е експлозија на плинска боца во семејна куќа. Три деца починаа на лице место. Не можеле да се спасат од пламенот и чадот по експлозијата. Маж на 58 годишна возраст им подлегна на повредите, неколку часа откако беше донесен на КАРИЛ.
Во Куманово денеска е ден на жалост . Ваквата одлука ја донесе Советот на Општината. Дел од советниците побараа и да се зголеми инспекција за производителите и дистрибутерите на плински боци.
Теодора Цветковска