Повредените патници од Лесковац наскоро на домашно лекување (видео)

Осуммината патници кои, по тешката сообраќајна несреќа во Србија, се хоспитализирани во болницата во Лесковац наскоро ќе се префрлат во Македонија на домашно лекување, изјави министерот за здравство Венко Филипче, кој додаде дека пациентите кои се сместени во Ниш се со посериозни повреди и ќе останат таму на обсервација. Во меѓувреме, приведен е возачот на автобусот под сомнение дека е одговорен за трагедијата, но и самиот е тешко повреден. Сообраќајната несреќа се случи во саботата, кога македонски автобус кој патувал за Виена, се преврте на патот кај Лесковац, при што загинаа тројца луѓе.

 

https://youtu.be/dVHim0iU_Ng

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ