Повредените девојчиња од Ѓорче Петров пуштени на домашно лекување

Двете повредени девојчиња во кои синоќа удри џип додека чекаа на автобуска постојка, се пуштени на домашно лекување. Освен набиеници по телото, немаат посериозни физички повреди.

Девојчињата, кои се ракометарки на женскиот ракометен клуб Вардар, чекале автобус во населбата Ѓорче Петров, кога џипот загубил контрола, откако патот му го попречило  југо и влетал во постојката.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ