Повредени се 10 градежни работници во Куманово, тројца се на КАРИЛ

Утрово околу 10 часот во овој ископ за зграда, паднала арматура врз десетте работници од Куманово, од коишто двајца се критични во овој момент. Неофицијално, се поставувала мрежа за темел на објектот кога се случила несреќата. 21 година има најмладиот од повредените.

Екипата на Телма се обиде да стапи во контакт со инвеститорот на објектот, но безуспешно. Се обидовме да најдеме и очевидци помеѓу жителите во околните куќи.

Додека во кумановската болница се згрижени повеќето од повредените, дел од нив се во Скопје.

Увид на самото место на несреќата направиле од Обвинителство и од полиција и сега ќе се чека на резултатите од нивната истрага. Од Хелсиншкиот комитет, повикаа на темелна истрата и од страна на Државниот инспекторат за труд затоа што сметаат дека оваа несреќа ја потврдила нефункционалноста на системот за безбедност и здравје при работа.

Петар Догов

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ